Military Watch: Предностите на новите руски десантни бродови

Wikipedia
Десантните бродови „Иван Рогов“ и „Митрофан Москаленко“ кои сега се градат на Крим ќе бидат најуниверзалните бродови од тој тип на светот. Тоа ќе биде постигнато благодарение на компатибилноста со различните типови хеликоптери и можностите на бродовите да се монтира различна опрема.

До таков заклучок дојде Military Watch Magazine по анализата на податоците кои се достапни во овој момент. Се очекува на секој брод да има од 12 до 18 хеликоптери во зависност од нивните размери и конфигурацијата. Освен десантни операции, „Иван Рогов“ и „Митрофан Москаленко“ ќе можат да влегуваат во битка со непријателски бродови и подморници, да изведуваат спасувачки операции и служат како пловечки болници.  

Главната ударна сила на овие бродови ќе ја сочинува военопоморската варијанта на хеликоптерот Ка-52 „Алигатор“ (веќе испорачан на Воената морнарица на Египет). Тој може да носи противбродски ракети Х-31 кои погодуваат цел оддалечена преку 300 километри и летаат со приближна брзина од три Маха. Хеликоптерот е исто така подобен и за напади врз копнени цели. Може да носи далеку поголем полезен товар отколку неговиот главен ривал Ah-64 Apache.

Поред тога, на десантните бродови можат да бидат распоредени и хеликоптери Ка-31 и Ка-27. Моделот Ка-31 служи за радарско набљудување и успешно се користи на носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“, како и на носачите на авиони во воените морнарици на Кина и Индија. Ка-27 во различни модификации може да служи како противбродски, спасувачки или транспортен хеликоптер.

И најпосле, се разгледува и варијантата за користење на носачите на хеликоптери како пловечки болници. Во овој момент се решава прашањето која медицинска опрема на бродот ќе биде стационарна, а која опциска. Сите варијанти се дефинираат однапред.

Освен со хеликоптери, чамци и морнаричка пешадија, бродовите „Иван Рогов“ и „Митрофан Москаленко“ ќе бидат вооружени со беспилотни летала. Некои од нив ќе решаваат задачи за извидување и набљудување, а други ќе вршат воздушни напади со примена на ракети и бомби.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња