Зголемен депласманот на рускиот носач на хеликоптери од класата 23900 на над 30 илјади тони?

Wikipedia
Тактичко-техничките карактеристики на бродот значително се изменија во текот на фазата на неговото проектирање. Депласманот на бродот е зголемен на преку 30000 тони. На палубата на бродот ќе се наоѓаат 16 хеликоптери со широка номенклатура, но и извидувачки и ударни беспилотни летала. На бродот ќе може да се транспортираат до 1000 припадници на морнаричката пешадија со комплетно вооружување и опрема. Процените се дека еден ваков брод ќе чини околу 700 милиони американски долари.

Двата руски универзални десантни брода (на руски скр. УДК), чија изградба започна во бродоградилиштето „Залив“ на Крим според модифицираниот проект ќе можат да носат 16 ударни палубни хеликоптери, вклучувајќи и ударни палубни беспилотни летала. Според новиот проект вкупниот депласман на универзалниот носач на хеликоптери ќе надмине 30000 тони, соопштија за веб-порталот ТАСС извори од руската воена индустрија.

„Тактичко-техничките карактеристики на бродот се изменија значително во текот на фазата на неговото проектирање. Депласманот на бродот е зголемен на преку 30000 тони (претходно проектираната тежина изнесуваше 25000 тони). На палубата на бродот ќе се наоѓаат 16 хеликоптери со широка номенклатура, но и извидувачки и ударни беспилотни летала. На бродот ќе може да се транспортираат до 1000 припадници на морнаричката пешадија со комплетно вооружување и опрема“, изјави за овој веб-портал неговиот соговорник од бродоградежната компанија.  

Притоа тој не прецизираше за какви конкретно беспилотни летала ќе се работи. Според зборовите на овој извор, секој универзален десантен брод во своите докови ќе носи до четири десантни чамци. Тој напомена дека руската армија ќе го добие својот прв универзален десантен брод (носач на хеликоптери) до крајот на 2025 година, додека вториот ќе биде изграден до крајот на 2027 година.

Руското Министерство за одбрана оваа година потпиша договор за изградба на два универзални десантни брода чија вредност изнесува 100 милијарди рубли. Првично се претпоставуваше дека еден универзален десантен брод ќе има депласман од 25000 тони, како и дека на него ќе можат да се превезуваат до 900 војници и 20 тешки хеликоптери.

Малку повеќе за класата УДК- 23900

Универзалните десантни бродови, познати како носачи на хеликоптери, се наменети за превоз на тешка група хеликоптери со различна намена (на еден брод и до 16 летала „Мистрал“, или до 30 американскиот носач на хеликоптери од класата Wasp), како и за превоз на група од неколку стотици па до повеќе од 1000 припадници на морнаричката пешадија со вооружување и опрема. Овие бродови во својот систем имаат десантни чамци кои можат да превезуваат припадници на морнаричката пешадија, како и оклопно-борбена техника.

Првите два руски универзални десантна брода („Иван Рогов“ и „Митрофан Москаленко“) се градат во бродоградилиштето „Залив“ на Крим. Официјално, нивната изградба започна на 20 јули оваа година. Бродовите се прават според проектот 23900 направен од инженерите на Зеленодолското ПКБ.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња