Ми-171Ш
АО Вертолеты РоссииИзданието „Национален Интерес“ реагира на веста во руските медиуми дека во 2022 година ќе започне сериското производство на модернизираниот хеликоптер Ми-171Ш Storm (извозен назив на моделот Ми-8АМТШ). Ова на форумот „Армија-2020ˮ го изјави претставник на Улан-уденскиот завод за производство на авиони.
Новата верзија на хеликоптерот ќе има зајакната заштита и поголема огнена моќ. Меѓу другото, хеликоптерот доби наведувани ракети.
Авторот на текстот потсетува дека Ми-171Ш е најновата унапредена верзија на „стариот“, но „сигурен“ хеликоптер Ми-17. Во состав на советската армија е примен 70-тите години на минатиот век, а може да се спореди со американскиот Bell UH-1 Iroquois (Ирокез).
Ми-171Ш беше претставен на светскиот пазар 2002 година и масовно се извезуваше за клиенти на Блискиот Исток, во југоисточна Азија, Африка и источна Европа.
Единствен по тоа што го нарачуваа дури и членки на НАТО, некои беа продадени на Хрватска, како и на Чешка, во периодот од 2005 до 2008 година. „Познато е дека Русија ги извезува своите хеликоптери за сите меѓународни купувачи, вклучувајќи ги и САД“, истакнува авторот на статијата.
Проектиран како транспортен хеликоптер, Ми-171Ш и понатаму може да се користи за широк спектар задачи. Тоа се: префрлување на десант, транспорт на товар, огнена поддршка, напади „воздух-земја“, следење на воени колони, медицинска евакуација и спасувачки операции.
Во состојба е да функционира во сите временски услови дење и ноќе, има петокрак главен ротор и ротор за управување. Стајниот трап му е во вид на трицикл, не се вовлекува, со слободно тркало на предната нога.
Во кабината можат да се сместат три лица, а во главното одделение 36 војници или 12 ранети на носила.
Додека американските хеликоптери Sikorsky UH-60 и Black Hawk се проектирани со цел да се постигне издржливост (балистичка отпорност и цврста конструкција), оклопот на Ми-171Ш е направен да ја заштити кабината со екипажот и витално важните единици.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче