Десантна топовница: Русите го прикажаа модернизираниот хеликоптер Ми-171Ш „Storm“

Антон Тушин / rostec.ru
Пакетот модернизација на хеликоптерот што ја носи ознаката Ми-171Ш „Storm“ се состои од подобрена група мотори со зголемена сила, подобрена главна елиса на хеликоптерот на која се наоѓаат лопатки направени од композити, како и елисата на моторот на опашката, но и од систем за противелектронска одбрана на хеликоптери „Президент-С“.

Холдингот „Хеликоптери на Русија“ (Вертолеты России) на Меѓународниот военотехнички саем на современо оружје и воена техника „Армија-2020“ првпат ќе го претстават модернизираниот воено-транспортен хеликоптер Ми-171Ш „Storm“. На саемот ќе биде демонстрирано првото експериментално летало од овој тип, пренесува порталот Mars.online.

Пакетот модернизација на хеликоптерот што ја носи ознаката Ми-171Ш „Storm“ се состои од подобрена група мотори со зголемена сила, подобрена главна елиса на хеликоптерот на која се наоѓаат лопатки направени од композити, како и елисата на моторот на опашката, но и од систем за противелектронска одбрана на хеликоптери „Президент-С“.

Инженерите на холдингот „Хеликоптери на Русија“ посебно внимание посветија на унапредувањето на оклопната заштита на леталото. Не се само засилени деловите на хеликоптерот каде што се наоѓа пилотскиот екипаж и јазлите на главните агрегати/системи, туку и десантниот отсек предвиден за припадниците на десантната пешадија и за различни видови товар. Двете бочни лизгачки врати кои се наоѓаат на двете страни на леталото, како и рампата на неговиот заден дел, значително ја забрзуваат мобилноста на десантната пешадија (влегувањето и излегувањето), што е од голема важност при изведувањето операции за хеликоптерски десант.

Покрај тоа, кај хеликоптерот е применет усовршен пакет вооружување кој се состои од тешки митралези со калибар 12,7 мм и нови типови наведувано ракетно оружје. Кај хеликоптерот е интегриран нов оптоелектронски комплекс ОПС-24Н-1Л кој е дел од напаѓачко-навигацискиот систем на хеликоптерот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња