Московјаните ќе можат да го плаќаат возењето во метрото со скенирање на лицето

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Секретаријатот за сообраќај на град Москва соопшти дека е во тек тестирање на системот FacePay со чија помош ќе биде можно да се плати метрото. Дел од тестирањата ќе биде завршен до 1 октомври.

„Во моментов го проверуваме овој систем заедно со нашите партнери од банкарскиот сектор“, соопштија претставници на секретаријатот. Оваа информација е објавена на телеграм-каналот на градската управа.

Тука се наведува дека главниот новитет есенва ќе биде системот за видеонадзор. Тој во метрото на главниот град на Русија функционира од 1 септември. Една од неговите услуги ќе биде и FacePay.

Со помош на видеонадзорот ќе биде можно да се следи оптовареноста на возовите. Информацијата за тоа ќе биде прикажана преку градските мобилни апликации. Патниците ќе можат да видат кои вагони се слободни. Ваквите податоци се особено актуелни во добата на борба против коронавирусот.

Ваков систем на видеонадзор постои во многу градови во светот. Во лондонското метро се тестира систем кој ги анализира снимките од камерите. Засега се работи за само два реона: LiverpoolStreet и MileEnd. Систем е потребен не само за препознавање на лица, туку и за утврдување на оптоварувањето на сообраќајните делници и фиксирање на сомнителни предмети.