Ова за интернет-порталот „Интерфакс“ го пренесе првиот човек на корпорацијата „Уралвагонзавод“ Александар Потапов. Притоа тој не кажа колкав број тенкови ќе ги пополнат единиците на руската армија, затоа што такви податоци може да објавува исклучиво Министерството за одбрана на РФ, пренесува интернет-порталот РГ.
Државната програма за обнова на вооружувањето на руската армија предвидува обнова на тенковскиот парк Т-90, кој ќе биде доведен до стандардот Т-90М „Пробој-3“. Овој стандард претставува длабока модернизација на основната верзија на тенкот Т-90А „Владимир“ и Русите го доведоа практично до совршенство кога е во прашање фамилијата тенкови модернизирани врз база на Т-90.
Тој се карактеризира со интеграција на системот за управување со огнот од последна генерација „Калина“ кој според своите севкупни карактеристики го претставува можеби и најдобриот систем кој во моментов се произведува во светот. Според засега непроверени информации, се шпекулира дека на оваа верзија на тенкот со кој би се опремувале исклучиво руските оклопни единици, ќе се интегрира тенковскиот топ 2А82-1М со калибар 125 мм, кој инаку е основното вооружување наменето за тенкот „Армата“. Преку основниот оклоп ќе биде инсталиран динамичниот систем за оклопна заштита „Реликт“, а не е исклучена и интеграција на системот за активна заштита „Арена-М“. На чувствителните делови на тенкот како дополнителна оклопна заштита се наоѓаат и противкумулативни решетки. Со цел зголемување на комфорот на тенковската посада е вграден клима-уред, кој првпат се најде во задолжителнта опрема на основните борбени тенкови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче