Центарот „Гамалеја“ подготвен за следната фаза испитувања на вакцината против корона

Getty Images
Министерството за здравство на РФ издаде дозвола за спроведување пострегистрациско клиничко испитување на вакцината. Во него ќе учествуваат 40 илјади луѓе.

Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Н. Ф. Гамалеја“ доби дозвола за спроведување пострегистрациско клиничко испитување на вакцината против коронавирус, го пренесуваат руските медиуми соопштението на Министерството за здравство на РФ.

„Министерството за здравство на Русија издаде дозвола за спроведување пострегистрациско клиничко испитување на вакцината за превенција од новата коронавирусна инфекција „Гам-Ковид-Вак“ на неговиот пронаоѓач - Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Н. Ф. Гамалеја“, се наведува во соопштението.

Во испитувањето ќе учествуваат 40 илјади волонтери, а сите мораат да бидат постари од 18 години. Учеството во испитувањето ќе трае шест месеци од датумот на вакцинирањето.

„Гам-Ковид-Вак“ е првата регистрирана вакцина против коронавирус во Русија и светот. Тоа на 11 август го објави рускиот претседател Владимир Путин.

Вакцината е наменета за интрамускулна примена и се состои од две компоненти во шишенца од 0,5 мл. Александар Гинцбург, шеф на центарот „Гамалеја“, вети дека имунитетот што лицето ќе го стекне по вакцинирањето ќе трае околу две години.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња