Руската вакцина против вирусот КОВИД-19 ефикасна во создавање антитела

Getty Images
Прелиминарните тестови покажуваат краткорочна ефикасност на новиот препарат, но неопходни се понатамошни тестирања за да се провери долгорочното дејство на вакцината.

Тројца доброволци кои ја примија новата руска вакцина против КОВИД-19 седеа без заштитни маски во сала каде немаше слободни места, за разлика од сите останати кои на 15 јули во Москва присуствуваа на конференцијата за новинарите. Лекарите рекоа дека овие доброволци повеќе не можат да се заразат со КОВИД-19, ниту можат да го пренесат вирусот на други откако во состав на мала истражувачка група ја примија новата руска вакцина.

Московскиот државен медицински универзитет „Сеченов“ на 12 јули објави дека е успешно завршено тестирањето на безбедноста на руската вакцина против КОВИД-19 кое траеше еден месец.

Истражувачите потврдија дека вакцината е безбедна за користење, но се воздржаа од какви било коментари во поглед на ефикасноста на новиот препарат. Сепак, само три дена подоцна повеќе немаше причина за толкава внимателност, па научниците покажаа повеќе оптимизам и на конференцијата за новинарите изјавија дека сите 38 доброволци ги имаат неопходните антитела и сега овие луѓе се имуни на КОВИД-19.

Вадим Тарасов, директор на Институтот за фармација и трансплантациска медицина на универзитетот „Сеченов“ и Елена Смољарчук, раководител на Центарот за клинички испитувања на медицински средства на универзитетот „Сеченов“, на конференција по отпуштањето на првата група од 18 испитаници-доброволци

„Да, сите доброволци имаат позитивен резултат на тестот за антитела. Регистриран е процесот на развој на имунитетот (на КОВИД-19) кај испитаниците. Сепак, ќе биде потребно време за да ја провериме долгорочната ефикасност на вакцината“, рече Вадим Тарасов, директор на Институтот за фармација и трансплантациска медицина на Првиот медицински универзитет каде е извршено клиничкото тестирање.

Вакцината е создадена во друга научно-истражувачка институција – во Националниот научен центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеи“, во соработка со Министерството за одбрана на Русија. Вакцината е уникатна во таа смисла што патогенот (во овој случај КОВИД-19) не се воведува во организмот на лицата што се тестираат како што тоа се прави кога се тестираат вакцините против други болести. Наместо тоа, овој препарат предизвикува реакција на имуниот систем на вакцинираното лице, слична на онаа до која би дошло доколку се воведе патогенот на КОВИД-19.

„Во текот на клиничкото тестирање во човековиот организам не е воведен ниту жив, ниту неактивен вирус. Ниту вакцина, ниту протеин кој се формира кога антигенот ќе дојде во клетките не можат да предизвикаат заразување со коронавирусот“, вели Елена Смољарчук, раководител на Центарот за клинички испитување на медицински средства на Првиот московски државен универзитет,

Тарасов објасни како функционира тоа: „Вакцината не е коронавирус. Таа во човековиот организм предизвикува реакција слична на реакцијата на коронавирусот, а со самото тоа и соодветен развој на имуниот систем. Не постои никаква опасност од зараза, но имуниот систем се развива како да е организам заразен со коронавирус“.

Советско ноу-хау

Рускиот научник рече дека здружувањето сили на различни институции е вообичаена практика и дека секоја институција ги користи своите конкретни предности. Во овој конкретен случај Московскиот државен медицински универзитет беше најпогоден за ефикасно изведување на клиничко тестирање.

„Советскиот Сојуз имаше една од најсилните школи за создавање вакцини. Ова ноу-хау ѝ помогна на нашата земја (Русија) олку брзо да создаде вакцина против коронавирусот. Научните темели кои се поставени во Советскиот Сојуз, а потоа развиени во Руската Федерација, ни овозможуваат први во светот да ги објавиме овие резултати“, рече Тарасов. „Тежнееме кон успех и се надеваме дека вакцината ќе спаси многу човечки животи и ќе ни помогне да го победиме овој вирус“, рече тој.

Истражувачите истакнаа дека вакцината против вирусот на КОВИД-19 е направена врз основа на достигнувањата до кои е дојдено за време на создавањето на вакцина против ебола. Сепак, биле внимателни и не сакале да го споредат ефектот на двете вакцини зашто коронавирусот се разликува од еболата, новата болест научниците сè уште се обидуваат да ја разберат во целост.

Долгорочниот ефект треба да се проучи

Доброволците-испитаници во тестирањето на вакцината против КОВИД-19 на прес-конференцијата во Универзитетот „Сеченов“. Вакцинирани се на 18 јуни, а отпуштени се на 15 јули 2020 година. Пред отпуштањето беа сместени во Научно-практичниот центар за интервентна кардиологија на Универзитетот „Сеченов“.

Научниците се воздржуваа од кончениот заклучок во поглед на долгорочната ефикасност на новата вакцина, изјавувајќи дека за овој заклучок е потребно уште едно сеопфатно истражување. Меѓутоа, со оглед на досегашните резултати има причина за оптимизам.

„Се надеваме дека оваа вакцина (позитивно) ќе се разликува од сето она што е веќе направено во странство“, вели Елена Смољарчук.

„Се надеваме дека ова ќе биде прва вакцина во светот која ќе ги заштити луѓето од коронавирусот. Времето ќе покаже колку е таа навистина ефикасна“, вели Тарасов.

Клиничко тестирање и обвинување за кршење на стандардите

Претставниците на истражувачкиот тим на Првиот московски медицински универзитет ги демантираа изјавите дека во клиничкото тестирања се прекршени државните прописи и медицинските стандарди.

Пред конференцијата за новинари која се одржа во Москва на 15 јули, на Интернет се појавија информации дека новата руска вакцина е тестирана на медицински и на воен персонал, односно на луѓе кои зависат од претпоставените на работното место и затоа можат да бидат наговорени или принудени да ги изменат резултатите од клиничкото тестирање.

„Сите наши доброволци се цивили. Тоа се обични граѓани на нашата земја кои живеат и работат во различни институции“, вели Тарасов.

Смољарчук се повика на руските федерални закони кои го забрануваат ангажирањето на војници во својство на испитаници во медицински истражувања и изјави дека институтот никогаш нема да го крши законот. Научничката рече дека војската исто така врши посебни клинички тестирања, но дека за испитаници има ангажирано цивили.

На конференцијата за новинари беа присутни тројца испитаници - две лица од женски и едно од машки пол. Сите тие доста неодредено зборуваа за своето работно место, не навлегувајќи во детали. Испитаникот од машки пол рече дека никогаш не служел во војска, ниту како редовен војник, нити по договор.

Еден испитаник изјави дека за учество во клиничкото тестирање му се ветени околу 100.000 рубли (околу 1.400 американски долари), но парите сè уште не се уплатени.

Тука дознајте повеќе за клиничкото тестирање на новата руска вакцина против КОВИД-19.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња