Ракетниот комплекс „Хермес“ со хоризонтален дострел и до 100 километри првпат ќе биде прикажан на Меѓународниот саем на оружје и воена техника „Армија-2020“. Ова го пренесе веб-порталот ТАСС повикувајќи се на холдингот „Високопрецизни комплекси“ (Высокоточные комплексы) кој се наоѓа во рамките на државната корпорација „Ростех“.
Ракетниот комплекс од нова генерација има автономен систем за наведување кој работи на принципот „истрелај и заборави“. Покрај тоа, има режим на плотунска стрелба врз шест различни цели и автоматска синхронизација на системот за ласерско наведување при употреба на високопрецизна муниција која на максималниот дострел има отстапување од само 50 см.
Првите информации за развој на напредниот противтенковски ракетен комплекс „Хермес“ се појавија во јавноста во 2015 година. Тогаш беше соопштено дека ракетниот комплекс „Хермес“ се развива во две варијанти: првата, наменета за уништување копнени цели во зоната на видното поле на растојанија до 20 км, како и варијанта за уништување копнени цели кои се наоѓаат преку хоризонтот, на дистанци и до дури 100 км.
Ракетниот комплекс „Хермес“ може да се закачи на повеќе платформи, и во тактичка смисла го пополнува просторот меѓу наведуваните артилериски гранати и оперативно-тактичките ракетни системи. Со него е можно да се опремат воздухопловни платформи како авиони и ударни хеликоптери, потоа копнена борбена техника, како и површински пловила. Исто така, предвидено е да го употребуваат и ударни беспилотни летала.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче