Научник држи припитомена лисица во волиера во експерименталната одгледувачница на Институтот за цитологија и генетика на Сибирското одделение на Руската академија на науките. Новосибирск, Русија, 14 јули 2017 година.
Кирил Кухмар/TASSЛисицата Герда е миленичка на децата и на возрасните во Новосибирск. Обожава да си игра со топки за бејзбол, се топи од среќа кога некој ја гали по уши и блажено заспива покрај својот сопственик.
Лисицата Герда со сопственикот
gerda.fox.officialГерда е една од неколкуте домашни лисици што ја има одгледано Институтот за цитологија и генетика на Сибирското одделение на Руската академија на науките. Таа е генетски поврзана за човек и го третира како пријател.
Герда и фотомодел.
gerda.fox.officialВаквата популација лисици по својата природа е уникатна појава.
Експериментот во кој од лисицата се прави домашно животно беше започнат во 1959 година од страна на академикот Дмитриј Бељаев. Во текот на седумдесеттите години од минатиот век му се приклучи Људмила Трут, тогаш студентка на Биолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет (МДУ), а денес руска научничка позната во целиот свет.
Тука питоми лисици можат да се видат во волиера на експерименталната одгледувачница на диви животни на Институтот за цитологија и генетика на Сибирското одделение на Руската академија на науките. Веќе речиси 60 години тука се врши експеримент за припитомување на лисицата и на европскиот визон.
Александар Крјажев/SputnikБељаев сметал дека на луѓето од самиот почеток им приоѓале оние примероци животински видови кои во себе имаат најмалку агресии. Овие животни имаат селективна корист од човекот зашто тој им обезбедувал топлина и храна. Така тие од генерација во генерација се одомаќиле. Од дивите турови настанале домашни крави, а од свирепите волци верни кучиња. Изгледа прилично едноставно, во стварност процесот на еволуција не се одигрува толку брзо и рамномерно. Човекот може да припитоми многу диви животни, на пример мечка, пума или гепард (луѓето кои имаат вакви миленици денес често стануваат јунаци на социјалните мрежи), но треба да минат илјадници години еволуција за дивите животни да станат домашни, односно регуларно да донесуваат младенчиња кои човековото место на живеење би го третирале како свое сопствено. На советските научници им тргна од рака тоа да го постигнат за само 60 години. Идејата беше по пат на селекција да се одгледаат примероци кои уште како младенчиња би се однесувале како домашни животни.
Човек си игра со питома лисица во на експерименталната одгледувачница на диви животни на Институтот за цитологија и генетика на Сибирското одделение на Руската академија на науките.
Александар Крјажев/Sputnik„Кога го започнувавме овој експеримент баравме животни кои се блиски на кучињата“, вели за Russia Beyond Људмила Трут. „И тоа беше лисицата, која тогаш веќе десетина години се одгледуваше во советските одгледувачници на диви животни, односно веќе ја имаше поминато фазата на репродукција под човечка контрола, што ни овозможи во голема мера да го намалиме траењето на експериментот“.
Тогаш главно се одгледуваа сребрени лисици кои беа увезени од Канада уште во текот на дваесеттите години од минатиот век. Беа мошне агресивни, се нафрлуваа на луѓе и ги гризеа, така што одгледувачите мошне се чудеа кога слушнаа што им предлага Бељаев. „Избиравме лисици кои не се исклучително диви кон човекот, кои кон човекот беа помалку-повеќе толерантни, а многу малку лисици во нашите одгледувачници беа такви“, вели Људмила Трут. Избраните примероци беа сместени во одгледувачница во близина на Новосибирската академска населба. Првите резултати почнаа да се забележуваат веќе по 4 години.
Лисици си играат во на експерименталната одгледувачница на диви животни на Институтот за цитологија и генетика на Сибирското одделение на Руската академија на науките.
Александар Крјажев/SputnikПрвото младенче кое мавтало со опашот кога му се приближува човек се окотило во 1963 година. Во следните генерации лисиците веќе почнале да им ги лижат рацете на луѓето, барале од луѓето да ги галат или да ги чешаат по стомакот. Потоа се избил погледот очи в очи, што во дивата природа се третира како чин на агресија, за во 1975 година да се окоти првата лисица во човечко присуство. Потоа почнале да се огласуваат слично на лаење на куче. Во процесот на припитомување на бељаевската лисица лисицата добива дамки во вид на „ѕвездички“, подвиткана опашка и уши, а муцката ги задржува цртите на младенче, дури и во зрела доба. Од дивите предци им останал прилично карактеристичниот мирис, но практично нема опасност од гризање и агресија, сметаат научниците.
Следбениците на Дмитриј Бељаев денес работат на проучување на припитомување на животните ширум светот. Људмила Трут сè уште се занимава со истражувања на Институтот за цитологија и генетика, зашто 60 години е само еден момент во процесот на еволуција, така што остануваат многу нерешени прашања. На пример, може ли со спарување на агресивна и питома лисица да се добијат питоми младенчиња? Или зошто лисиците на Бељаев го менуваат изгледот токму на овој начин, а не поинаку?
„Нашиот новосибирски експеримент создаде сосема нова лисица. Такви никогаш не постоеле. Ги купуваат луѓе од целиот свет и ги носат во своите земји“, вели Људмила и додава дека никаде во светот не се правени вакви истражувања на полето на припитомување на лисица, и дека руските научници се занимавале со научна работа со огромен репродуктивен потенцијал на најголемата земја на светот. Според нејзините пресметки, за сите овие години одгледани се над 60.000 лисици кои се дружељубиви кон човекот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче