Направен автомат „Калашников“ за НАТО-муниција

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Концернот „Калашников“ направи верзија на автоматот АК-12 за муниција со калибар 5,56 мм што ја користи НАТО. Новиот модел ја доби ознаката АК-19.

Како што соопшти информативната служба на концернот на „Инстаграм“, експерименталниот АК-19 има цевка со должина од 415 мм, тежок е 3,350 грама, а чекорот на корак завивање на жлебот (растојанието за кое куршумот во цевката еднаш се свртува околу наздолжната оска) изнесува 178 мм.

Покрај тоа, АК-19 доби полесен телескопски кундак со подобрена ергономија, нов зарез на задниот нишан и компензатор на трзајот на кој брзо може да се монтира придушувач. Од концернот „Калашников“ велат дека оружјето ќе биде покажано на Меѓународниот военотехнички форум „Армија 2020“.