Телевизијата „Ѕвезда“ објави импресивна видеоснимка од лансирање на „Искандери“ во Астрахањската област. Со ракетирањето раководеше началникот на Ракетните сили и артилеријата на Вооружените сили на РФ, генерал-потполковник Михаил Матвеевски.
На маневрите беше увежбувано префрлување на системите од транспортна во борбена позиција. Во откривањето на условните цели помогнаа беспилотните летала „Орлан-10“. Тие ги испраќаа координатите во реално време. Во масовното ракетирање на „Искандерите“ им се придружија и повеќецевните ракетни лансери „Торнадо-С“.
Гаѓаните објекти беа оддалечени 90 километри и сите беа погодени со голема прецизност.
Системот „Искандер-М“ е специфичен по тоа што користи висинска суперманеварска ракета направена според „стелт“ технологија, така што може да погоди цели оддалечени 500 километри заобиколувајќи ја противракетната одбрана.
Министерство за одбрана на РФ / Global Look Press