Вучиќ: „Прв ќе ја примам руската вакцина против корона“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денеска дека прв ќе ја прими вакцината за која српските стручњаци ќе му кажат дека е добра и дека може да помогне во превенција на болеста Ковид-19.

На прашањето дали Србија разгледува да ја користи руската вакцина, која сега е веќе регистрирана, Вучиќ рече дека со радост ги слуша вестите за тоа дека Русите произвеле вакцина.

„Само, тоа мораат нашите стручни тимови да ни кажат дека е безбедна и сигурна”, им рече Вучиќ на новинарите. 

Тој истакна дека е важно што попрво да се појави вакцина, која е, како што вели тој, важна и за спас на економијата. 

„Што побргу имаме вакцина, тоа ќе биде спас за нашата економија”, забележа Вучиќ. 

Вучиќ наведе дека ќе биде првиот кој ќе ја прими вакцината за која српските стручњаци ќе му кажат дека е добра.