Експерт објасни како делува руската вакцина против COVID-19

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Честичките во вакцината против COVID-19 не можат да му наштетат на организмот.

Ова за телевизискиот канал „Русија 24ˮ го изјави шефот на Националниот истражувачки центар „Гамалеја“ Александар Гинцбург.

Според него, честичките со чија помош се вакцинира организмот се направени врз база на аденовирус и не се живи.

„Живи се оние честички, оние објекти кои можат да произведуваат слични на себе. Овие честички не можат да се размножуваат. Затоа нема никаква основа стравувањето дека тие можат да му направат нешто лошо на нашиот организам“, објасни рускиот стручњак.

Единствено што овие честички се во состојба да направат, додаде тој, тоа е да предизвикаат непријатно чувство, затоа што при уфрлувањето на туѓ антиген почнува да работи имуниот систем и некои луѓе добиваат покачена температура.

Освен тоа, тој истакна дека за 1,5 до 2 години ќе стане јасно дали ќе биде потребно секоја година да се менува антигениот состав на вакцината или една вакцина ќе биде доволна.

„Би сакале еволуцијата да тргне по тој пат. Но, за жал, таа ќе делува според своите закони кои сé уште не ни се познати нам, и ние допрва ќе ги видиме резултатите“, рече тој.

Центарот „Гамалејаˮ на 1 август соопшти дека клиничките испитувања на вакцината се завршени.

Министерството за здравство на Русија објави дека вакцината ќе биде официјално регистрирана на 12 август.

Вакцината најпрво ќе ја добијат медицинските работници и старите луѓе.