Русија тестира Ту-95МС кој ќе може да носи 22 ракети со атомски боеви глави

Wikipedia
Модернизираната верзија на Ту-95МСМ може да носи нови ракети Х-101/х-102, кои одлично се покажаа во Сирија. Покрај внатрешниот револвер-лансер, најновата модификација на ова летало ќе може да носи дури 16 ракети на поткрилните носачи, што значи дека еден авион може да носи вкупно 22 ракети со стратешки дострел.

„Во програмата за ГСИ реализиравме половина од летовите со модернизираниот мотор НК-12МПМ. Оваа програма треба да биде завршена до средината на 2020 година“, изјави за веб-порталот „Интерфакс“ генералниот директор на компанијата „Туполев“ Александар Коњухов.

Тестирањето на бомбардерот со модернизирани мотори започна пролетта 2018 година. Во август Коњухов изјави за овој веб-портал дека моторите НК-12МПМ ги потврдиле своите карактеристики. Модернизираниот мотор овозможи значително зголемување на радиусот на дејство на овој познат ракетоносец и овозможи да се удвои капацитетот на неговата носивост кога станува збор за убоен товар, пренесува веб-порталот РГ.

Оперативната варијанта на бомбардерот Ту-95МС може да носи до шест крстосувачки ракети за стратешка намена Х-55 во револвер-спремникот МКУ-6-5 кој се наоѓа во внатрешноста на трупот на авионот. Модернизираната верзија Ту-95МСМ може да ги носи новите ракети Х-101/х-102 (1), кои одлично се покажаа во Сирија. Покрај внатрешниот револвер-лансер, најновата модификација на ова летало ќе може да носи дури 16 ракети на поткрилните носачи, што значи дека еден авион може да носи вкупно 22 ракети со стратешки дострел.

Се очекува тестирањето на модернизираната верзија на бомбардерот Ту-95МСМ да започне кон крајот на 2019 година. Паралелно со овој проект, воздухопловната компанија „Туполев“ подготвува договор за длабока модернизација на постојните летала Ту-95МС на стандардот МСМ.

Бомбардерот е дел од воздушната компонента на руската нуклеарна тријада. Наменет е за уништување стратешки важни цели на непријателот, кои од местото на лансирање се наоѓаат на растојанија и до неколку илјади километри.

1 Се работи за ракета која, покрај конвенционална боева глава, може да носи и термонуклеарна боева глава со сила од 0,25-1,0 мегатони. Модифицираните верзии на оваа ракета се засилени со оплата која има стелтни карактеристики, како и моќни противелектронски системи. Постојат индиции дека Х-101/102 има потенцијал да прелета 10000 километри.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња