„Ќе разгледаме како јавното акционерско друштво „Туполев“ ги исполнува своите обврски да создаде модернизиран стратешки бомбардер Ту-95МС во интерес на руското Министерство за одбрана. Конкретно, ќе зборуваме за производството на прототип на авионот и почетокот на неговите прелиминарни и државни тестирања“, рече на конференцијата рускиот министер за одбрана, генерал на армија Сергеј Шојгу, пренесува „Росијскаја газета“.
Раководителот на воениот ресор изјави дека ќе бидат значително надградени опремата на авионот, електрониката и вооружувањето на модернизираниот ракетоносец.
Тоа, според министерот, ќе ја зголеми борбената ефективност на авионот и ќе го продолжи неговиот работен век.
Во Таганрог во авијацискиот научно-технички комплекс „Бериев“ е завршена работата за создавање на првиот длабоко модернизиран авион Ту-95МСМ и започна развојот на надградени системи на стратешкиот ракетоносец.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче