На улиците на САД се појавија руски беспилотни автомобили

Official Tatarstan

Беспилотни автомобили „Јандекс“ почнаа да возат во градот Ен Арбор во американската држава Мичиген. Од компанијата во Тел Авив тврдат дека тоа е втората тест-зона надвор од Русија, по Тел Авив во Израел, пишува „Росијскаја газета“.

На патиштата на Ен Арбор ќе може да се најде четвртата генерација врз база на „Хјундаи Соната“, која беше претставена на почетокот на јуни 2020 година. Ен Арбор е универзитетски град со население од преку 120000 луѓе. Се наоѓа во близина на автомобилската престолнина на САД – Детроит.

Во државата Мичиген е дозволено движење на беспилотни автомобили без инженер-тестатор зад воланот. Компанијата се надева дека тоа ќе го прошири искуството, здобиено во Инополис, каде што скоро две години работи првиот во Европа роботакси-сервис без возач.

Прочитајте повеќе: Русија ја очекува инвазија на автомобили без возач

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња