Во Русија во Главната клиничка болница „Бурденко“ е извршено завршното медицинско испитување на доброволците вклучени во клиничката студија на вакцината против новиот коронавирус. Препаратот против Ковид-19 е развиен во соработка со Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“.
Како што истакнуваат стручњаците, потврдено е дека вакцината што ја развија вирозите на Националниот центар „Гамалеј“ заедно со колегите од војската е апсолутно безбедна. Лекарите кои ги следеа учесниците во студијата изнесоа и некои свои видувања.
„Добро се чувствуваат и не се жалат. Врз основа на добиениите инфоромации може да се каже дека не се утврдени никакви отстапувања и нуспојави. Врз основа на резултатите од анализата можеме да зборуваме за јасно формиран имун одговор по спроведената вакцинација“, рече докторката Светлана Волчихина, раководител на терапевтското одделение на Главната воена клиничка болница на Министерството за одбрана на РФ „Бурденко“.