Тенковите во Ленинградската област гаѓаа цели со наведувани ракети (ВИДЕО)

Т-72Б3

Т-72Б3

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Тенкистите на Западниот воен округ во Ленинградската област гаѓаа и уништија со наведувани ракети оклопна техника на условен непријател. Маневрите се прикажани на видеоснимка.

Користени се наведувани ракети за тенковите Т-72Б3. Екипажите отвораа оган од место и во движење. Уништени се статични и подвижни мети кои претставуваа имитација на оклопна техника, а покрај тоа уништени се и воздушни објекти од митралез „Корд“ со голем калибар, соопштува информативната служба на Западниот воен округ.

Во гаѓањето се користени фрагментарно-фугасни проектили и противтенковски наведувани ракети чиј дострел е поголем од три километри. Воената вежба е изведена дење и во ноќните часови со користење на современите нишани „Сосна-У“ и тенковските уреди за ноќно набљудување.

Тенковите Т-72Б3 се опремени со систем „Рефлекс-М“ за наведувано вооружување. Ефикасната стрелба од орудието со мазна цевка од семејството 2А46М е овозможено од високото ниво на заштита на системите за наведување на ракетите и рационалната конструкција во која барутното полнење и самата ракета одвоено се уфрлуваат во цевката.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња