Објавена видеоснимка од пресретнување на американски шпионски авион над Црното море

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Американски шпионски авион е откриен над неутралните води на Црното море додека се приближуваше до државната граница на РФ. Пресретнат е од авион-ловец Су-27 на руските Воздушно-космички сили.

Министерството за одбрана на РФ објави видеоснимка на која се гледа американски шпионски авион кој на 23 јули се појави над неутралните води на Црното море. Леталото се приближуваше до државната граница на РФ и затоа руската армија будно ја следеше неговата траекторија.

На снимката се гледа како екипажот на рускиот ловец му се приближува на воздушниот објект на безбедно растојание и го идентификува како американски шпионски авион Р-8А „Посејдон“.

По извесно време американскиот шпионски авион направи свртување во спротивен правец од државната граница на РФ, а рускиот ловец се врати во својата база.

Целиот лет на рускиот авион Су-27 е изведен согласно меѓународните правила за користење на воздушниот простор. На американскиот авион не му беше дозволено да ја повреди државната граница на Руската Федерација.