Две нуклеарни подморници од класата 885М „Јасен-М“ официјално почнаа да се градат во кругот на бродоградилиштето „Севмаш“, а нивните имиња ќе бидат „Воронеж“ и „Владивосток“. На комплетната церемонија за почеток на изградбата присуствуваше и претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин, пренесува веб-порталот ТАСС.
„Нуклеарните подморници ќе ги добијат имињата во чест на градовите на воената слава - „Воронеж“ и „Владивосток“, истакна во таа пригода рускиот претседател.
Подморниците ќе имаат можност за употреба на хиперсонично вооружување. Ова на насобраните новинари им го соопшти генералниот директор на бродоградилиштето „Севмаш“ Михаил Будниченко. Оваа позната бродоградежна компанија ќе ги изгради двете пловила.
„Денеска почнавме да градиме подводни пловила кои ќе имаат хиперсонично оружје, кое ја претставува иднината на руската воена морнарица“, рече притоа Будниченко.
Договорот за изградба на повеќенаменските нуклеарни подморници од класата 885М „Јасен-М“ е потпишан 2019 година во текот на одржувањето на Меѓународниот военотехнички саем „Армија-2019“.
Првата подморница од класата 885 „Јасен“ (име „Северодвинск“) влезе во составот на Северната флота во текот на 2014 година. Во меѓувреме, руските конструктори направија проект за модернизација на подморниците од оваа класа, кој ја доби ознаката 885М „Јасен-М“. Првата подморница изградена според модернизираниот проект - 885М „Казањ“ влезе во оперативното вооружување на руската воена морнарица во 2020 година.
Во овој момент бродоградежната компанија „Севмаш“ гради вкупно пет подморници од класата 885М „Јасен-М“ кои се наоѓаат во различни стадиуми на својата изградба.
Основното вооружување на повеќенаменските нуклеарни подморници од класата 885/885М се крстосувачките ракети со подводно базирање „Калибар-ПЛ“ кои можат да остварат дострел од неколку илјади километри. Тука се наоѓаат и „убијците“ на носачи на авиони – суперсоничната ракета „Оникс“, додека подморниците од модернизираниот проект 885М ќе можат да носат и подводна верзија на хиперсоничната ракета „Циркон“ од која нема одбрана.
Претходно претседателот на Руската Федерација Владимир Путин при обраќањето до Федералното собрание изјави дека новата суперсонична ракета „Циркон“ ќе лета побрзо од 9 маха, при што ќе може да нападне цели на далечини и до 1000 километри. Се претпоставува дека со овој тип ракета ќе бидат вооружени површинските воени бродови и подморниците, како перспективните, тако и оние кои веќе се наоѓаат во оперативна функција. Треба да се напомене и дека рускиот претседател кон крајот на минатата година првпат ја спомена можноста за развој и на копнена верзија на хиперсоничниот ракетен систем „Циркон“. Според различни информации, должината на ракетата ќе изнесува 8-10 метри, додека тежината на боевата глава ќе достигнува 400 кг.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче