Су-57
Министерство за одбрана на Русиjа/Global Look PressРуските компании „МиГ“ и „Сухој“ со заеднички сили ќе развиваат авијациски систем од шестата генерација, рече во интервјуто за новинската агенција РИА „Новости“ Иљја Тарасенко, генерален директор на компанијата „Сухој“ и раководител на корпорацијата „МиГ“.
„Нашите конкуренти се американските и европските производители на авиони. За да го задржиме сигурно лидерството во оваа област, ќе мораме да ги зајакнеме најдобрите компетенции кои денес ги поседуваат компаниите „МиГ“ и „Сухој“ и да направиме нови авиони од шеста генерација. Со обединување на потенцијалите во рамките на заедничките задачи и цели се пружа колосална можност за сериозно поместување. Странските компании веќе немаат такви можности“, рече Тарасенко.
Запрашан дали авионот од шеста генерација заеднички ќе го развија „МиГ“ и „Сухој“, соговорникот на агенцијата одговори потврдно.
„Да, тоа ќе биде разработка на одделенијата на воената авијација на ОАК“, рече тој.
Во овој момент во Русија започна производството на ловецот од петтата генерација Су-57. Првиот авион во Воздушно-космичките сили на Русија треба да стигне оваа година.
Иљја Тарасенко е поставен на должноста генерален директор на компанијата „Сухој“ во февруари оваа година со одлука на Советот на директори. На тој начин тој обединува три функции: покрај „Сухој“, Тарасенко е и раководител на корпорацијата „МиГ“, а задолжен е и за маркетинг и воено-техничка соработка во Обединетата корпорација за изградба на авиони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче