Патролен чамец со женски екипаж првпат исплови на Црното море

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Сите планирани задачи се успешно извршени.

Експерименталниот женски екипаж на патролниот чамец П-834 првпат исплови на Црното море. Ова го соопшти информативната служба на Црноморската флота.

„Денес го подготвувавме чамецот за одбрана од диверзанти. Екипажот под мое раководство изведе превентивно фрлање рачни гранати РГД-5“, рече десетар Ана Брикез, командир на женскиот експериментален екипаж.

Девојките исто така увежбуваа напуштање на пловилото во опасност. Следува увежбување на маневрирањето. Брикез истакна дека екипажот без проблеми ги извршува сите задачи. Таа исто така рече дека екипажот се подготвува за Денот на Воената морнарица кој се одбележува на 26 јули.