За рускиот лек против коронавирус заинтересирани неколку земји

Global Look Press
Русија веќе почна да ѝ го испорачува на Белорусија препаратот „Авифавир“ против коронавирус. Сега за купување на лекот се заинтересирани неколку земји од Европа, Латинска Америка и Азија. По тој повод тие држави се обратија до Министерството за индустрија и трговија на РФ.

Ние гледаме сериозен интерес за медицинските препарати кои се направени во Русија. За „Авифавир“ против коронавирус се пријавија земји од Заедницата на независни држави, Латинска Америка, Европа и југоисточна Азија“, ги наведува сајтот стопкоронавирус.рф зборовите на министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров.

Министерот додаде дека висок потенцијал има и препаратот „Левилимаб“. Него лекарите го користат во терапијата кај тешките форми на пневмонија.

Претходно фондот за директни инвестиции (РФПИ) заедно со групата компании „ХимРар“ почна да го извезува „Авифавир“. Лекот го доби Белорусија, како и 35 руски региони. Во Русија лекот против коронавирус беше регистриран на 29 мај. Стручњаците очекуваат дека во Руската Федерација месечно ќе се произведуваат 300000 пакувања од овој лек.

Руските лекари потврдија дека во земјата се регистрирани 700792 случаи на зараза со коронавирусот. Веќе се излекувани 472511 пациент. Починаа 10677 инфицирани.

До 8 јули во Московската област се извршени 1139658 лабораториски испитувања на примероци земени од луѓе, меѓу другото и од оние кои допатуваа од земји каде што заразата и понатаму се шири. Истражувања на новата инфекција (COVID-19) се вршат во Центарот за хигиена и епидемиологија на Московската област и во лабораториите на државните медицински организации, додека здравите лица се тестираат во приватни лаборатории.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња