Министерството за здравство на Русија го одобри првиот препарат за лекување заболени од Ковид-19

Sputnik
„Авифавир”, првиот препарат за лекување пациенти заболени од заразната болест Ковид-19 во Русија кој го произведува заедничкото претпријатие на Рускиот фонд за директни инвестиции и групата компании ХимРар, доби одобрение од Министерството за здравство на Русија и е вброен во државниот регистар на лекови.

Како што се наведува, комерцијалниот назив на препаратот е „Авифавир”, а меѓународното незаштитено име на лекот е „Фавипиравир”.

Препаратот е добро познат, бидејќи во Јапонија беше во употреба од 2014 година и се применуваше против тешки облици на грип.

Како што велат од Фондот за директни инвестиции, во овој момент продолжува завршната фаза на клиничките тестирања на „Авифавир“, одобрена од Министерството за здравство на РФ на 21 мај и во кои учествуваат 330 пациенти.

„Лекот е развиен и тестирана во текот на клиничките тестирања во Русија во рекорден рој и на тој начин стана првиот регистриран препарат врз база на  „Фавипиравир” во светот“, изјави директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња