Путин: Оружјето што го создаде Калашников ќе ѝ служи на Русија уште многу децении

kremlin.ru
Претседателот е уверен дека домашната школа за стрелечко оружје ќе ја задржи својата лидерска позиција во светот.

„Оружјето создадено од легендарниот самоук конструктор, народниот пронаоѓач Михаил Калашников, сигурно ќе им служи на Русија, нејзините војници и офицери уште многу децении”, рече претседателот на РФ Владимир Путин на Вториот серуски форум на оружари, пренесува РИА „Новости“.   

„Денес им упатуваме најсрдечни честитки и благодарност до ветераните во оваа област, на оние кои ги поставуваа темелите на нејзината славна традиција, создаваа оружје и техника, кои станаа симболи на моќта на нашата армија, нејзините победи, благородните и возвишените мисии за заштита на Русија. Во плејадата истакнати оружари, со кои сме горди, посебно место, секако, му припаѓа на Михаил Тимофеевич Калашников, чија 100-годишнина од раѓањето ја славиме оваа година“, рече Путин.

Според него, Русија секогаш ќе го почитува легендарниот самоук конструктор и вистински патриот.

„Сигурен сум дека оружјето што тој го создаде и во иднина, уште многу децении, ќе ѝ служи на Русија како сигурна заштита, на нашите војници и офицери, а сјајната домашна школа на стрелечкото оружје, во која тој ги вложи сите свои сили, целиот свој живот, ќе ги зачува водечките позиции во светот и ќе вклучи нови млади таленти. Сегашната генерација оружари достојно ја продолжува традицијата воспоставена од Михаил Тимофеевич, неговите колеги и соработници“, додаде претседателот на РФ.

Прочитајте повеќе: Како Калашников благодарение на автоматот АК-47 стана главен светски конструктор на стрелечко оружје

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња