Во Подмосковје одржани првите индивидуални натпревари во „Тенковскиот биатлон” (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На подмосковскиот полигон Алабино во четвртокот, 2 јули, се одржаа првите индивидуални натпревари на тенковските екипажи во рамките на армиското натпреварување „Тенковски биатлон”.

Маршрутата беше опремена со вештачки и природни пречки, вклучувајќи возвишување, водена пречка, противтенковски ров и минско поле, соопшти прес-службата на Западниот воен округ. Беа предвидени и специјални делници за заобиколување и максимално развивање брзина.

„Тенкистите со артилериски оган, противтенковска наведувана ракета и оган од митралез со голем калибар „Корд“ гаѓаа мети на растојание од 900 метри до 2,2 километри кои симулираат тенк, хеликоптер, борбено возило на пешадијата и рачен противтенковски фрлач“, се наведува во соопштението.

Во натпреварувањето учествуваа екипажи од Јужниот, Централниот, Западниот и Источниот воен округ, на Русија, Воздушно-десантните сили, Казањската висока командна тенковска школа и Далекоисточната висока тенковска школа.