РПК-16
Kalashnikov Media/Global Look PressГодинава во Русија почнува работата над нов митралез на база на рачниот митралез „Калашников“ РПК-16.
Тоа ќе биде потполно ново оружје, соопшти за агенцијата РИА „Новости“ извор во военоиндустрискиот сектор. Имено, војниците веќе некое време го користат РПК-16, кој по сите тестирања беше воведен во експлоатација и досега изнесоа низа забелешки и предлози. Сите изнесени мислења ќе бидат систематизирани и искористени во работата над новиот митралез.
Како што објасни соговорникот на наведената агенција, РПК-16 не му овозможува на војникот да примени многу важни решенија.
РПК-16 е руски рачен митралез на концернот „Калашников“ кој користи муниција со калибар 5,45х39 мм. Тежок е 4,5 килограми, во рамката има 95 куршуми, а брзината на гаѓање му е 700 куршуми во минута.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче