Нуклеарната подморница „Казањ“ влегува во состав на руската Воена морнарица во 2020 година

Атомската подморница „Казањ“

Атомската подморница „Казањ“

Александар Рјумин/TASS

Во декември 2020 година руската флота ќе ја добие нуклеарната подморница и ракетоносец „Казањ“, пишува РИА „Новости“, повикувајќи се на раководителот на Обединетата бродоградежна корпорација Алексеј Рахманов.

„Бродот треба да ѝ биде предаден на флотата годинава во декември“, изјави Рахманов. Првично пуштањето во работа на нуклеарната подморница „Казањ“ беше планирано за 2019 година, но беше одложено поради потребата од дополнителни испитувања. Подморницата е изградена според унапредениот проект „Јасен-М“ и, како во случајот со нуклеарната подморница „Кнез Владимир“ (главната подморница на проектот „Бореј-А“), тестовите беа забавени поради големиот број нови системи.

Внатрешната опремата на „Казањ“ е изградена врз база на руски елементи од домашни материјали. Оптимизирани се контурите на трупот на подморницата, зголемен е бројот на модули за лансирање на крстосувачки ракети: 10 наспроти 8. Во секој модул можат да бидат ставени 4 крстосувачки ракети „Оникс“ или 5 крстосувачки ракети „Калибар“. По завршувањето на испитувањата арсеналот на подморницата ќе биде пополнет со хиперсонични ракети „Циркон“, пренесува „Росијскаја газета“.

Погледнете го видеото: „Казањ“ - нуклеарниот ловец во морските длабочини

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња