Руски Су-27 пресретнаа американски бомбардери над Балтичкото море (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руското Министерство за одбрана објави снимка од пресретнување на американски бомбардери Б-52 и шпионски авион.

Силите за брза реакција беа предупредени на 15 јуни 2020 од силите на противвоздушната одбрана на Западниот воен округ кои благовремено ги открија операциите на бомбардерите Б-52 на американските воздухопловни сили и извидувачките авиони на странски држави над неутралните води на Балтичкото море, по што ги пресретнаа руски борбени авиони, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.  

На значителна оддалеченост од руската државна граница, авионите на странски држави кои летаа во рамките на маневрите на НАТО „Балтопс 2020“ континуирано беа следени од руските радарски станици, стои во соопштението.