Авиони Су-25СМ на обединетата руска воена база стационирана на територијата на Киргизија користеа авијациски бомби и ракети од класата „воздух-воздух“ во текот на летечко-тактичките вежби, кои се завршени на еден од воздухопловните полигони во планините на средна Азија, пренесуваат руските медиуми.
Руските јуришни авиони Су-25СМ во задачата уништија со авијациски бомби цели кои симулираа команден пункт на условниот непријател и увежбуваа ракетен напад врз „противничките“ колони со техника. Авионите летаа со брзина од 700 до 750 километри на час на висина од 200 до 2500 метри.