Руски подводен автономен апарат без екипаж „Витез“
Фонд перспективных исследованийГенералниот директор на Централното конструкторско биро за поморска техника „Рубин“ Игор Виљнит во интервју за агенцијата ТАСС раскажа над кои апарати сега работи неговото претпријатие. Конкретно, станува збор за лесните автономски пловила „Јунона“ и „Амулет“. Истовремено се усовршува „Клавесин-2Р-ПМ“, еден од најдобрите длабоководни апарати на светот. Новиот правец на развој се тешките и супертешките апарати.
„Нема сомнеж дека стимулансот за активирање на таквите работи беше спуштањето во Маријанскиот ров на апаратот без екипаж „Витез-Д“, кој исто така го направија стручњаците на „Рубин“. Овој апарат е специфичен по тоа што самостојно ги заобиколува пречките на кои наидува и може самостојно да излезе од ограничен простор.
За волја на вистината, треба да се истакне дека вистинските пионери во создавањето подводни апарати за големи длабочини беа стручњаците од Институтот за проблеми на поморските технологии во Владивосток. Тие долго време беа и водечки светски конструктори во оваа сфера – уште кон крајот на 1960-тите го проектираа и направија апаратот со скромен назив Л-2, а нему во наредните 30 години му немаше рамен ни во САД, ни во другите развиени земји кои се занимаваа со океанолошки истражувања“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче