Во Русија се прави градежен робот кој за една недела „печати“ зграда

Скриншот/Youtube, Innopolis University
На Универзитетот „Инополис“ е во тек работа над градежен робот кој функционира со помош на јажиња и може да подига згради со технологија за 3Д печатење.

„Користењето на овој робот го скратува времетраењето на работите и бројот на луѓе на градилиштето затоа што повеќе не е потребно да се има голема екипа работници. Според нашите пресметки, градежниот робот за една недела може да направи куќа на кат со ширина 15 и должина 15 метри“, вели Александар Малолетов, заменик-раководител на Центарот за компетенции на Националната технолошка иницијатива „Технологии на компоненти на роботичка техника и мехатроника“.  

Таквиот робот не мора да се прилагодува за одредена површина на зграда. Потребни се само столбови со чекрци и челични јажиња на одредено растојание. Потоа специјалниот калап се полни со градежна смеса, се прилагодуваат параметрите и започнува процесот на печатење со помош на командна табла.

Оваа технологија има и одредени ограничувања. Столбовите се високи 8 метри, така што роботот може да прави само еднокатни објекти.

Работата над овој робот трае веќе подолго од половина година. Таа работа според планот би требало да биде завршена до 2022 година.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња