„Росатом“ го направи првиот руски 3D печатач кој печати „со две раце“

Pixabay
Тридимензионалниот печатач на „Росатом“ значително ќе ги унапреди производствените капацитети во авиоиндустријата и другите напредни области.

Научната државна корпорација „Росатом“ го разви и произведе првиот домашен тридимензионален печатач со способност симултано да произведува делови од два различни материјали, што дава можност за значително унапредување на карактеристиките на производот, соопшти прес-службата на отсекот за инженеринг на холдингот „Росатом“ под називот „Атоменергомаш“.

Се работи за тнр. „дволасерски систем“ на селективно ласерско топење (SLM печатење). Во споредба со едноласерскиот систем, продуктивноста на новиот уред е зголемена за 60 отсто. „Сега печатењето на еден производ бара помалку време, а поради можностите на симултана употреба на два ласера достапни се разновидни технолошки методи за унапредување на карактеристиките на производот“, се вели во соопштението.

Новиот 3D печатач го измислија специјалистите од Институтот за технологии на материјали и наноматеријали на Државниот научен центар на Руската Федерација НПО „ЦНИИТМАШ“ (дел од „Атоменергомаш“) и НПО „Центротех“ од Новоуралск во Свердловската област (дел од енергетската компанија на холдингот „Росатом“ под името ТВЕЛ).

Печатачот е направен по нарачка на индустрискиот партнер на проектот – Уралскиот електрохемиски комбинат УЕХК, кој исто така припаѓа на ТВЕЛ – кој исто како и НПО „Центротех“ се наоѓа во Новоуралск каде планира да го изгради основниот производствен погон во рамките на плановите за развој на додатни технологии при „Росатом“, а пред сѐ за тридимензионално печатење.

„Дел од овој проект е и развој на прототип на тнр. блиск турбина во која сечивата се интегрален дел на дискот на роторот, односно сечивата и дискот прават една целина. Притоа дискот ќе биде произведен од една легура на никел, а сечивата од друга. Со ваквиот дизајн се намалува масата на целиот уред и со самото тоа продолжува неговиот работен век. Блиск турбините се особено корисни во авиоиндустријата и тоа при производството на млазни мотори со високо оптоварување“, се наведува во соопштението.

„Сложеноста на правењето ваков предмет од два материјала е во тоа што секој од нив по обработката мора да поседува одредени својства кои ќе кореспондираат со документираните карактеристики. Со тоа и самиот нивен спој би требало да поседува додатни својства кои мораат да ги задоволат бараните критериуми“, наведе заменик-генералниот директор и раководител на Институтот за технологии на материјали и наноматеријали ЦНИИТМАШ Владимир Береговски.

„Единствениот систем на регенерација на прав дозволува паралелно со процесот на печатење да се раздвојуваат два типа на прав со различна фракциска композиција, при што регенерираниот прав се враќа во печатачот. Ова драстично ја намалува потрошувачката на прав и последично – цената на производот“, наведува Алекс Дуб, генерален директор на ТВЕЛ-овата компанија РусАТ која има улога на индустриски интегратора на „Росатом“ за развој на додатни технологии.

Прочитајте повеќе: 3-Д печатач од Јарослављ печати куќа во Данска

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња