„Витез“ на дното на Маријанскиот ров: Руски подводен апарат на најдлабоката точка на Земјата (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Mисијата, не сметајќи го спуштањето и излегувањето на апаратот на површината, траеше повеќе од три часа. Сензорите регистрираа длабочина од 10028 метри.

Во емисијата на телевизиската станица „Ѕвезда“ „Военаја пријомка“ (Военная приемка) се објавени уникатни снимки од рускиот подводен автономен апарат без екипаж „Витез“, направени на дното на Маријанскиот ров. Рускиот автономен апарат без екипаж се врати неодамна во Владивосток по експедицијата на најдлабоката точка на планетата.

Не сметајќи го времето на спуштање и испливување на површината, мисијата во ровот траеше повеќе од три часа. Сензорите регистрираа длабочина од 10028 метри. Апаратот изврши мапирање, фотографирање и снимање. Апаратот на дното на Маријанскиот ров достави и знаменце посветено на 75-годишнината од победата во Втората светска војна.

Развојот на „Витез“ започна пред неколку години во централното проектантско биро „Рубин“. Апаратот го доби името по советскиот научно-истражувачки брод „Витез“, кој 1957 година успеа да ја одреди најголемата длабочина на Маријанскиот ров.

Маријaнскиот ров е најдлабокото место на Земјата, а се наоѓа на дното на Тихиот океан. На неговата најниска точка длабочината изнесува 10994 метри.  

Прочитаjте повеќе: Руски автономен подводен апарат првпат тестиран во Маријанскиот ров