Во време на улични нереди Американците даваат попуст на автомати „Калашников“

AP
На граѓаните на САД им се нудат поволности при купување на автомати од руско производство, дотолку повеќе што автоматите „Калашников“ секогаш биле многу барани во Америка.

Компанијата RWC Group која продава оружје под брендот Kalashnikov USA почна да ги привлекува Американците со попусти и подароци. Понудата е многу примамлива во време на улични нереди ширум земјата, дотолку повеќе што автоматите „Калашников“ секогаш биле многу барани во Америка.

Во акцијата учествуваат 11 модификации на автоматски пушки направени врз платформа на АК. Оружјето е произведено во фабриката во Флорида.

На пример, еден модел е полуавтоматската пушка KALI9 со калибар 9 мм. Како што објаснуваат од компанијата, таа пушка „се заснова на рускиот автомат „Витез-СН“, познат по тоа што го применуваат руските вооружени сили и полицијата“. Во комплетот купувачот добива придушувач, трициумски нишан, пет рамки и футрола.  

Треба да се истакне дека компанијата RWC Group регистрираше сопствен бренд Kalashnikov USA кога во 2015 година САД воведоа санкции против рускиот концерн „Калашников“ и оневозможија негово работење.

Компанијата RWC Group нагласува дека таа произведува оружје според оригинални руски модели, додавајќи во него американски иновации.

Прочитајте повеќе: ФОТО: Најдобрите американски модификации на „Калашников“

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња