Како што се наведува, комерцијалниот назив на препаратот е „Авифавир”, а меѓународното незаштитено име на лекот е „Фавипиравир”.
Препаратот е добро познат, бидејќи во Јапонија беше во употреба од 2014 година и се применуваше против тешки облици на грип.
Како што велат од Фондот за директни инвестиции, во овој момент продолжува завршната фаза на клиничките тестирања на „Авифавир“, одобрена од Министерството за здравство на РФ на 21 мај и во кои учествуваат 330 пациенти.
„Лекот е развиен и тестирана во текот на клиничките тестирања во Русија во рекорден рој и на тој начин стана првиот регистриран препарат врз база на „Фавипиравир” во светот“, изјави директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев.