Американскиот магазин „Национален Интерес“ (The National Interest) го коментираше тестирањето на суперсоничниот модернизиран бомбардер на Военото воздухопловство на Русија Ту-22М3М во суперсоничен режим. Во статијата се истакнува дека овој авион е способен ефикасно да се бори против ударни поморски борбени групи предводени од носачи на авиони на Воената морнарица на САД.
Ту-22М3М е модернизирана варијанта на суперсоничниот ракетоносец со голем долет со променлив агол на стрелата на крилото. Тој поседува 80% нова авионска електроника во споредба со оригиналниот Ту-22М. Но, и нова електронска опрема, вклучувајќи навигација, комуникација, нишанење, системи за управување со моторот и средства за радиоелектронско војување.
Бомбардерите ќе носат крстосувачки ракети Х-32 со дострел од 600 до 1000 километри. Х-32 му овозможува на авионот да заземе специфично место меѓу стратешко и оперативно-тактичко ниво. Освен тоа, постои можност Ту-22М3М да добие нова хиперсонична ракета.
Прелиминарните испитувања на Ту-22М3М би требало да бидат завршени во 2020 година. Руското Воено воздухопловство ќе почне да ги добива модернизираните бомбардери од 2021 година.
Модернизацијата, според американското списание, ќе ја зголеми прецизноста на навигацијата, ќе го поедностави одржувањето на авионот и неговата подготовка за полетување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче