Руската војска почна со подготовки на техниката за парадата по повод Денот на Победата (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Во подмосковскиот град Алабино припадниците на гардиската тенковска армија на Западниот воен округ почнаа со подготовки на воената техника за пробите за парадата по повод Денот на Победата. Се проверува состојбата на техниката, борбените машини се мијат и фарбаат.

Подготовките почнаа од тешката оклопна техника како што се тенковите Т-90М „Пробив“, борбените возила за поддршка на тенкови „Терминатор“ и артилериските системи 2С35 „Коалиција-СВ“.

Кога ќе биде завршена подготовката на борбената техника ќе почнат вежбите на пешадијата и „механизираните колони“.