Први ексклузивни фотографии од хаубицата „Коалиција-СВ“ на платформа КамАЗ-6550 (ФОТО)

ТВ „Ѕвезда“
„ЦНИИ Буревестник“ (кој се наоѓа во состав на концернот „Уралвагонзавод“) почна со реализација на тестирањата на првата мала серија перспективни самоодни хаубици „Коалиција-СВ“ кои се наоѓаат на платформа на тркала. Хаубицата ќе се наоѓа на шасија на возилото КамАЗ-6550 и ќе има борбен комплет од 70 гранати.

За разлика од гасеничната платформа „Армата“, која секако има свои предности, КамАЗ-6550 е многу поудобен за употреба на патна мрежа и има поголема мобилност. Исто така, одржувањето на оваа платформа е многу поевтино од „гасеничарот“. Значително е подолг временскиот рок меѓу два ремонта, помала е потрошувачката на гориво благодарение на помалата маса, а зголемен е комфорот на екипажот во текот на долготрајните маршеви.

Транспортот до огнената позиција е значително пократок, затоа што перспективната самоодна хаубица која како платформа користи возило на тркала е значително побрза. Ова во реални борбени услови кои се јавуваат во современиот судир може да создаде одредени предности. Од друга страна, „гасеничарот“ е ненадминат за движење по тежок терен кој се наоѓа надвор од патишта.

Претходно на саемот на оружје и воена техника „Армија-2018“ големо внимание привлече изјавата на началникот на Ракетните сили и артилеријата на Копнената војска генерал-потполковник Михаил Метвјевски, кој притоа истакна дека перспективната самоодна хаубица „Коалиција-СВ“ ќе биде првиот чекор во роботизацијата на борбената техника.

Самоодната хаубица 2С35 „Коалиција-СВ“ (кал. 152,4 мм) е предвидена за уништување важни непријателски цели како што се тактичко нуклеарно оружје, ракетни, артилериски и минофрлачки батерии, објекти на ПВО, оклопни единици и жива сила. Хаубицата е максимално автоматизирана: боевото одделение е без екипаж, управувањето со огнот се реализира далечински од оклопната капсула сместена во предниот дел на орудието каде што е сместен неговиот екипаж, а кој може да биде и надвор од средството, како што беше демонстрирано и на последните тестирања. Ефективниот дострел на орудието ќе изнесува повеќе од 80 км.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња