Неуништливата „Лада“:Колку километри поминува стара руска „Копејка“ кога ќе испие 2 литра кока-кола?

скриншот Гараж 54 / YouTube

Водителот на популарниот руски „Јутјуб“ канал „Гараж 54“ од епизода во епизода се обидува да го „убие“ моторот на „Лада“: ставаше и масло за јадење, шеќер, сол, кока-кола за да види дека автомобилот дава уште само неколку моменти знаци на живот и се гаси. Видовме порано и како се палат автомобили кои година дена биле буквално закопани во земја.

А колку е силна „Ладата“? Барем колку да се движи и кога ќе испразни дволитарско шише кока-кола. Но дали ќе се движи долго?

Автомобилот го помина првиот километар без проблем. Но на 1700 метри возачот малку прикочи и моторот се угаси. Потоа со шлеп се обиде да ја запали колата, но неуспешно. Значи, точно 1730 метри.

Како што се и очекуваше, филтерот за гориво беше полн со кока-кола, па дури и карбураторот. Автомеханичарите на „Гаража 54“ го исчистија системот за довод на гориво и го заменија филтерот. И, дали оживеа „Ладата“? Погледнете го видеото до крај:

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња