Илустрација
zala-aero.comГрупата компании ZALA AERO (во состав на концернот „Калашников”) осмисли нов концепт за користење беспилотни летала ZALA AERO DRONE DELIVERY, кој овозможува решавање задачи за испорака на роба до секоја локација, соопшти прес-службата на компанијата.
„Повеќе нема да биде потребно да се осмислуваат сложени логистички маршрути, да се размислува за сообраќајот, новото решение е испорака по најкраток пат за минимално време“, се наведува во соопштението.
Релјефот на теренот што се добива со ласерско скенирање од воздух ќе овозможи заобиколување на сите пречки како од природен, така и од технички карактер.
„Системот автоматски ќе продолжи да се движи по оптимална маршрута со комуникација со органите кои го регулираат воздушниот сообраќај. Каналите за комуникација, кои се заштитени од пречки, му овозможуваат на операторот да управува со леталата дури и на исклучително мали висини“, соопштува ZALA.
Автоматизираниот процес за управување со системот овозможува истовремено да се реализираат поставените задачи со помош на две и повеќе летала кои се движат во автоматски режим.
Системот може да функционира и во отежнати метеоролошки услови, по дожд и снег, при брзина на ветар до 15 метри во секунда, па дури и ноќе. Дуплираниот систем за управување овозможува леталото безбедно да се врати на стартот дури и ако функционираат седум од неговите осум мотори.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче