„Во првата етапа ќе бидат набавувани авиони со мотори од четвртата генерација. Потоа, по завршувањето на комплетното тестирање на моторот од петтата генерација, кој има зголемена ефикасност на расходот на гориво како и помала цена на техничко одржување, ќе почнеме да ги набавуваме авионите со новите мотори“, рече за веб-порталот РИА „Новости“ рускиот заменик-министер за одбрана Алексеј Криворучко.
Договорот за испорака на првите два сериски ловци Су-57 беше потпишан пред две години меѓу руското Министерство за одбрана и компанијата „Сухој“. Вкупниот договор подразбира испорака на 15 вакви летала. На форумот „Армија-2019“ военото министерство склучи нов договор со авиопроизводителот кој се однесува на испорака на 76 ловци за единиците на ВКС.
Во овој момент и понатаму се работи на интензивно тестирање на новото летало. Процените се дека испорачаните летала ќе имаат можност да се вмрежат со тешкиот ударен дрон „Охотник“. Неколку од овие авиони имаа и боева проверка на територијата на Сирија, пренесува веб-порталот РГ.
Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ Сухој. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче