„Во природата постои голем број светлечки организми, но ги нема во растителното царство. Во целост ги дешифриравме гените за два биолуминисцентни системи: бактерии и печурки. Ние ги дешифриравме и ги уфрливме во растенија. Гените на печурките многу добро функционираат“, истакна Илија Јампољски, доктор на хемиски науки, раководител на одделението за биомолекуларна хемија на Институтот за биохемија на Руската академија на науки.
Работата за промена на метаболизмот на растенијата научниците го споредуваат со прилагодувањето на часовник, за кој било неопходно идеално да ги прилагоди новите делови, односно елементите на биолуминисценцијата на печурките.
Откако во целост го дешифрирале механизмот на светење на печурките, научниците пристапиле кон подесувањето на гените на растенијата. Како резултат на последниот и најуспешниот обид успеаја да добијат два генетски модифицирани вида тутун кои емитираат стабилна зелена аура, видлива со голо око. Јачината на добиената светлост е десет пати посилна од онаа добиена во претходниот експеримент на истиот тим научници.
„Светењето на нашите растенија е видливо уште сега. Притоа си поставуваме задача да ја зголемиме јачината на светлината и да развиеме декоративни видови, вклучувајќи хризантеми и орхидеи. Потоа планираме излегување на пазарот“, Јампољски.