Соларниот едреник е форма на погон на вселенските летала при што се користи притисокот од електромагнетното зрачење на Сонцето. Рефлектирајќи се од огледалната површина на едрата, фотоните како ветар го движат вселенскиот брод.
Стручњаците од Самарскиот универзитет истакнуваат дека пловидбата низ вселената (како што се нарекуваат вселенските летови со помош на соларен едреник) има свои предности: потенцијално неограничено време и дaлечина на летот со релативно голема брзина, што е многу битно за научните мисии.
Руските научници анализираа како врз движењето на апаратот ќе влијае реален едреник, а не неговиот идеален модел. Нивните пресметки покажуваат дека едреникот нема да изгори ниту да се скрши, на пример, во близина на Сонцето или во орбитата на Јупитер. Авторите сметаат дека добиените резултати овозможуваат од истражување на моделот да се прејде на експерименти во вселената.