Пилот на руски МиГ-31 објави снимка од средба со ловец на НАТО

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет се појави снимка на која, како што се наведува, пилот на руски ловец МиГ-31 поздравува колега зад командите на ловец Ф-16 на една од земјите на Северноатлантската алијанса.

Видеото е објавено на јутјуб-каналот Fighterbomber.

Снимката е направена од кабината на пилотот на МиГ-31. На снимката се гледа како пилотот долетува до Ф-16 кој се наоѓа од неговата десна страна, а потоа му мавта со рака и му покажува палец во знак на поздрав. Неговиот колега, пак, се оддалечува.

Пилотот потоа ја свртува камерата кон левата страна, каде што се гледа уште еден авион, како што се наведува, стратешки ракетоносец Ту-95МС.

Кога и каде се случил инцидентот не е наведено. Руското Министерство за одбрана последен пат соопшти за лет на Ту-95МС кон крајот на март.

Два такви ракетоносци извршија на 24 март планиран лет над неутралните води на Јапонското море и северозападниот дел на Тихиот океан. Во воздух поминаа повеќе од девет часа. На враќањето ги следеа ловци на јапонското Воено воздухопловство.

МиГ-31 е двосед суперсоничен ловец-пресретнувач со голем долет. Подеднакво е ефикасен во сите временски услови. Наменет е за пресретнување и уништување воздушни цели.  

Ту-95МС претставува воздушен елемент на руската нуклеарна тријада. Наменет е за уништување клучни цели во оддалечени региони и длабока позадина со нуклеарно оружје.