Пилот-серијата ќе биде произведена веќе во септември годинава, додека сериското производство ќе започне наредната година. Планирано е во 2021 година да бидат произведени 360 возила, во 2022 година 1724 возила, во 2023 година 4030, а во 2024 година 5274 возила.
Мантуров исто така изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, кој при работните посети користи лимузина Aurus Senat L700, дал свои препораки кога станува збор за техничкото функционирање на возилото. И министерот лично, кој исто така користи „Аурус“, му дал на производителот свој коментар во однос на „системот за потпирање и работата на менувачот, со цел сé да биде подобро ускладено“.