Според мислењето на Малишев, кулминација на епидемијата ќе се случи во првите два летни месеца, а потоа ќе почне да се намалува бројот на заболените.
Докторот на медицински науки Николај Малишев, специјалист за инфективни болести, изјави: „Повеќето експерти се согласуваат дека кулминацијата ќе биде во јуни или јули. Цифрите не треба да нé плашат, колку и да се значајни. Секој ден бројот на заболените ќе биде сé поголем, бројот на починати, за жал, исто така ќе биде во пораст“,
Малишев ја спомена и инфекцијата на коронавирусот која поминува без симптоми. Според него, такви пациенти има од 10 до 30%, а некаде дури и 50%. Професорот е уверен дека зголемувањето на бројот на заболени не е лошо нешто. Според него, вакцината против COVID-19 ќе се појави за најмалку година и половина по пронаоѓањето.
Во Русија се извршени 1,61 милиони тестирања на коронавирус. Во текот на последните 24 часа се потврдени 3448 случаи на зараза и со тоа нивниот вкупен број во Русија достигна 27938. Исто така, во текот на последните 24 часа во Русија починаа 34 пациенти со коронавирус, а од почетокот на ширењето на инфекцијата вкупно 232 лица.