Како што пишува „Дејли Меил“, ова оружје претендира на звањето најсмртоносна пушка на светот и би можело да ги промени „правилата на игра“.
Во статијата се наведува дека новата пушка со рачно полнење тешка 10 килограми погодува цел на растојание од две милји (преку 3000 метри). Иако веќе е познато дека „Самрак“ овозможува погодок од уште поголемо растојание. Се работи за рекордна оддалеченост на погодена мета од околу 4200 метри.
Меѓутоа, дури и погодок од 3000 метри, колку што се наведува во текстот, е двојно поголем од можностите на снајперската пушка 115A3 што ја користи британската армија. Тоа оружје погодува цел на оддалеченост од максимално 1500 метри.
Во статијата се наведува дека „Самрак“ е пушка за професионални снајперисти. А моќните патрони со калибар 408 Chey Tac (10,3×77 mm), посебно наменети за гаѓање од голема оддалеченост, обезбедуваат брзина на куршумот од околу 900 метри во секунда, што е отприлика трипати повеќе од брзината на звукот. Ваквиот куршум пробива метална шина дебела три сантиметри и може да помине низ панцирен елек на напријателот.
Во текстот се наведуваат зборови на британски воен експерт. Според неговото мислење, пушка која погодува цел на растојание од две милји навистина може да ја промени ситуацијата на боиштето.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче