Независниот дизајнер Александар Исаев ја претстави својата визија за идната модификација на „Лада 4x4“. Тој го вкрсти концептот 4х4 Vision од 2018 година со стилот на култниот „Мерцедес-Бенц“ Г-класа. Според авторот на дизајнот, двата модела, и 4x4 и „Гелендваген”, ги задржале својот првобитен изглед и препознатливите црти. Тој ги поврза во една целина и својот концепт го нарече G-Niva 2020.
Виртуелното теренско возило се здоби со низа дизајнерски специфичности. Меѓу другото, врати без рамка и делумно подвижен покрив. Од „Гелендваген” ги доби лаковите над тркалата и трепкачите со карактеристичен дизајн, како и масивната хауба и големите фелни со нископрофилни гуми. Притоа кај „Г-Нива 2020“ може да се препознае и класичната „Лада 4x4“ од која Исаев го позајми дизајнот на вратата на багажникот и воланот.
„Г-Нива 2020“ постои само во вид на компјутерска графика, така што оваа интересна комбинација не треба да се очекува во линијата модели на „АвтоВАЗ”.